19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова банкнота од 5 евра

Нова банкнота од 5 евра

evro2

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги во Франкфурт ја претстави новата банкнота од пет евра која ќе биде во оптек од 2 мај оваа година.

Во иднина се планира и замена на сите банкноти заклучно со банкнотата од 500 евра.

На прв поглед разликата помеѓу досегашната банкнота и новата е минимална, на лицето на банкнотата и понатака ќе биде сликата од триумфалната капија, а на позадината ќе биде исцртана картата од ЕУ, вклучувајќи ги и земјите надвор од еврозоната, како што е Велика Британија.

Разликата помеѓу новата и старата банкнота е забележлива на допир, бидејќи на новата банкнота се вградени испакнати линии на десниот и левиот раб. Новина е тоа што на новата банкнота е вметнат ликот на старогрчката божица Европа, а зборот евро е заменет со симболот на еврото.

Ликот на божицата Европа, кој стои на новите банкноти е превземен од вазна стара 2000 години од музејот „Лувр“ во Париз. Ова е втората серија на нови банкноти од почетокот на еврозоната во 1999 година.

Бројот на фалсификувани банкноти опаѓа

Бројот на фалсификуваните банкноти е намален за 12,4 проценти во 2012 година во споредба со минатата година, соопшти Европската централна банка (ЕЦБ).

Бројот на регистрираните фалсификати на евра минатата година изнесуваше 531.000, од кои 251.000 во првите шест месеци, односно 280.000 во последниот семестар од 2012 година, изјави монетарната институција со седиште во Франкфурт.

Во 2011 година регистрирани се 606.000 фалсификати од евра, во 2010 751.000, а во 2009 година 860.000 фалсификати од евра.

Во споредба со бројот на банкноти во оптек, околу 14,9 милијарди во вториот семестар на 2012 година, бројот на фалсификати е драстично намален, се наведува во соопштението на ЕЦБ.

Најголем број на фалсификати е регистриран помеѓу банкнотите од 20 и 50 евра.

Во вториот семестар од 2012 година, 97,5 проценти од фалсификуваните банкноти се пронајдени во земјите од еврозоната, два проценти кај земјите членки на ЕУ кои не припаѓаат во еврозоната, а 0,5 проценти надвор од територијата на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП