5 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен новогодишен десерт (фото)

Луксузен новогодишен десерт (фото)

luksuz-fancy-delicious-kolaci (4)

Луксузната понуда на празнични подарици, оваа година, го достигна својот врв…

Видовме многу луксузни понуди, вклучувајќи ги најдобрите женски чанти, најгламурозниот украс за елката и др. Овој пат, ви го претставуваме колачето кое е преставено на пазарот пред само неколку дена, а носи име „Rudolph The Ruby-Nosed Reindeer Tarts“.

luksuz-fancy-delicious-kolaci-99

Како дело на англиската слаткарка Џорџија Грин, која е позната по својата соработка со реномирани клиенти, ова колаче е декорирано со рубин од Шри Ланка. Инаку, оваа дама минатата година користеше „Ceylon Cinnamon“ за да креира куќа од кекси, а оваа година отиде чекор понапред.

luksuz-fancy-delicious-kolaci (3)

Неверојатните колачиња се направени од луксузна чоколада и карамела, а црвениот рубин е сместен на вкусниот макарун. Џорџија карамелата ја користела за да ги направи роговите и другите украси на малиот ирвас.

luksuz-fancy-delicious-kolaci (2)

Како што вели таа: „Луѓето често ме тераат да правам некои необични колачи, но во споредба со ова колаче, сите други се сосема обични колачи. Иако луѓето ќе се сеќаваат на рубинот, се надевам дека и прекрасната мешавина на состојките ќе им остави долготраен впечаток.“ Цената на едно вакво колаче е околу 800 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП