17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали е ова најмоќниот смартфон на светот? (видео)

Дали е ова најмоќниот смартфон на светот? (видео)

mok smart 3344

Индиската компанија „YU“ тврди дека го направила најмоќниот „Android“ смартфон кој ќе се нарекува „Yutopia“.

„Yutopia“ требаше да биде лансиран уште на почетокот на минатиот месец, но по неколку одложувања беше претставен 17-ти декември.

Опремен со 21 MP задна камера, 3000 mAh батерија, 5,2-инчен „WQHD IPS“ екран, процесор „Qualcomm Snapdragon 810“, 4GB DDR4 RAM, скенер за отисок на прстите и бројни други најнови својства.

„Yutopia“ е револуционерен производ кој е исполнет со неодоливи „Around Yu“ услуги, поради што овој смартфон е буквално пет години пред било кој друг уред“, изјави Раул Шарма, основач на „YU Televentures“.

„Around YU“ се состои од серија услуги, вклучувајќи патувања, храна и забава, се собрано во еден прозор за полесно користење.

Новиот личен асистент „Around YU“ нуди беспрекорно искуство кое е поедноставно и му заштедува време на корисникот и труд при префрлување помеѓу бројните специјализирани апликации, тврдат од „YU Televentures“.

Интересно е дека „Youtopia“ чини само 350 евра кога ќе се нарача „on-line“, што е два до три пати поевтино од познатите смартфони со слични спецификации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП