3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПразнична честитка од 2.700 долари (фото)

Празнична честитка од 2.700 долари (фото)

це1

Ако во своето семејство или меѓу пријателите имате страствен љубител на музиката, ова ќе биде совршениот празничен подарок за тоа лице…

Нормално, доколку имате 2700 долари вишок. Catawiki организира аукција и продажба на уникатна празнична честитка, која на себе содржи своерачни потписи од Битлси. Оваа честитка содржи автограми од Пол Мекартни, Џон Ленон, Џорџ Харисон и Ринго Стар, а адресирана е на име на една многу среќна дама која се вика Силвија, која инаку е основач на најголемиот британски клуб за обожаватели на овој бенд.

Потписот на Џон Ленон се наоѓа на горниот лев агол од честитката, следен од потписот на Пол Мекартни, а долниот лев дел е посветен на Џорџ Харисон, додека Ринго Стар го заземал десниот дел.

„Ова е еден од највозбудливите сувенири кои сме ги виделе досега, при што љубовта кон Битлси и понатака е многу жива во целиот свет. Очекуваме дека околу оваа честитка ќе се појави мала војна во надавањето“, изјави Бен Фрајд од компанијата Catawiki. Покрај автограмите од Битлси, на оваа честитка се наоѓаат и потписите на Фрида Кели и Ана Колингам, други две основачки на клубот на обожаватели.

це2

це3

це4

це5

це6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП