22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОН усвои буџет од 5,4 милијарди долари за наредните две години

ОН усвои буџет од 5,4 милијарди долари за наредните две години

on 333

193-те земји членки на ОН го одобрија буџетот на организацијата во следните две години, објави „Ројтерс“.

Сумата е незначително помала од средствата кои организацијата ги имаше како трошоци во 2014-та година и 2015-та година – 5,4 милијарди долари, во однос на 5,5 милијарди долари за изминатите две години.

Во овие средства не се вклучени трошоците за мировните активности на организацијата. Буџетот за нив е планиран во износ од 8,27 милијарди долари за периодот јуни 2015-та – јуни 2016-та година. Некои од агенциите на ОН, пак, се финансираат од доброволни донации, потсетува уште „Ројтерс“.

Главен донатор на ОН останува САД, кои ќе платат околу 22% од одобрените 5,4 милијарди долари. Земјата врши притисок за подобрување на ефикасноста на трошењето на средствата, како целина за управувањето со трошоците.

9,68% од буџетот на ОН се финансира од Јапонија, а меѓу останатите големи донатори се уште Кина (7,92% од буџетот), Германија (6,38%) и Франција (4,85%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП