Муреа е еден од најубавите острови во светот, за чие постоење знаат малку луѓе. Местото изгледа речиси нереално….
Се наоѓа северозападно од Тахити, кој е дел од Француска Полинезија, а шансите да сте слушнале за него се мали.
Опкружен од светло-сина лагуна, вулкански формираното парче земја е оценето како третиот најдобар остров во светот од страна на читателите на Conde Nast Traveler.
Тиркизните води на океанот блескаат силно врз смарагдно зелените карпи на островот, кои се издигаат смело над убавата лагуна.
Секоја слика од ова место се чини дека има претрпено голема обработка во фотошоп, но дури и Lonely Planet потврдува дека неговата грандиозна убавина е реланост.
Тука сите љубители на нуркањето и пливањето можат да пливаат меѓу ајкули, ражи и многу други видови на риби отколку што некој може да замисли. Уживајте во фотографиите…