25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонците преминуваат на Forex - Успешно одржан семинар во Скопје

Македонците преминуваат на Forex – Успешно одржан семинар во Скопје

forex-lider

Тоа е заклучукот кој што го имаме после одржаниот Forex семинар во Скопје во петокот на 29.03.2013 во организација на компанијата FXLider. Собрани преку 50 деловни луѓе ширум Македонија,внимателно слушаа за овој современ начин на заработка кој го претставија експертите на FXLider. На гостите топло добредојде им посака и генералниот директор на групацијата (чиј член е и компанијата FXLider) која како лидер во Forex бизнисот успешно работи на пазарот во Турција, Азербејџан, ех-Југославија, како и Израел, Грција и Кина со десетици илјади задоволни клиенти.

Главниот дел на вечерта го обележија презентациите на експертите на FXLider, сениор експертот Никола Димков и сениор експертот Димоски Николче, кои на многу јасен начин на гостите им ги покажаа потенцијалот и шансата кои ги пружаа светскиот финансиски пазар за остварување на заработка, како и бројните примери од пракса за најатрактивните стратегии за тргување. Што е најбитно,на гостите на семинарот им е претставено КАКО е можно да се искористат сите наведени предности на овој пазар.

Покрај тоа,на гостите на семинарот се претставени и спектар на услуги кои компанијата FXLider ги пружа веќе 3 години на своите клиенти од Македонија, како што се современите платформи за тргување на светскиот финансиски пазар, подршка од експерти на македонски јазик 12 часа дневно, секојдневни анализи за најатрактивните инструметни за тргување како и многу други корисни алатки и сервиси кои Ви ги нуди оваа компанија.

“Овој е само прв во серијата на едукативни семинари кои планираме да ги одржиме во Македонија. Следниот семинар од овој тип е организиран на 26-ти Април за сите оние кои биле спречени да присуствуваат на претходниот. Решени сме да вложиме напор и средства се со цел да се едуцираат нашите клиенти како од Македонија, така и од останатите земји во кои работиме, бидејќи само така нашите клиенти можат да извлечат 100% од она што овој високо-профитабилен пазар им пружа. Баш тоа го правиме сега и така ќе продолжиме и во иднина“,соопштија од FXLider.

Врз основа на информацијата што ја добивме од FXLider, преку нивната компанија веќе тргуваат неколку стотици клиенти од Македонија на кои компанијата им пружа секојдневна подршка и кои остваруваат значајни профити.

“Македонија е интересен и битен пазар за нашата групација и во наредните месеци контантно ќе се вложува во едукацијата по пат на семинари и курсеви. Исто така планираме да ги прошириме нашите активности и на територијата на Албанија“, изјавуваат од FXLider.

Сите заинтересирани кои сакаат, можат бесплатно да се обидат да тргуваат на светскиот финансиски пазар преку ДЕМО сметката која можат да ја отворат ОВДЕ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП