17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНови трендови во комуникацијата за 2016-та година

Нови трендови во комуникацијата за 2016-та година

komini 3

Следната година „Facebook“ ќе биде доминантен, а брендовите ќе имаат пред се пет секунди да го привлечат вниманието на гледачите, се наведува во текстот на „PR Daily“ за иновациите во комуникацијата за 2016-та година.

Ова се десетте дигитални и маркетинг трендови за наредната година.

„Facebook“ видеата сега се доминантни. Според видео прегледите на поединечни посетители, „You Tube“ сега е на второ место, пред него е „Facebook“. Oваа друштвена мрежа има сопствена видео платформа. Наредната година е година во која брендовите се подготвени да се посветат на пазарот на видеа.

5 секунди е се што имате. Доколку не се привлече вниманието на гледачите за пет секунди, може да се случи проектот да пропадне.

Маркетинг автоматизацијата созрева. Маркетинг платформите за автоматизација созреваат и собираат многу податоци. Маркетингот во иднина ќе се „бори“ вредните информации да ги претвори во интелегентни одлуки.

Заедничката економија ќе донесе нови можности. Идеата е дури и богатите корисници да заработат дополнителни пари и е револуционерен концепт на друштвени поделби во информациониот простор. Покрај тоа, физиките работи, како што се транспортот, хотелските услуги, делењето на ресурсите земаа замав меѓу дигиталните новосоздадени работи, како „Uber“.

Приватноста е нова пиратерија. Сајбер нападите и крадењето на податоците постојат речиси во секоја организација, од банките па до „Белата куќа“ и војската. Приватноста ќе стане главна грижа и ќе се создаваат заеднички платформи, како што е е-здравствена организација или сметководствени онлајн провајдери, па така компанијата ќе имаат повеќе доверба.

„B2B“ ќе стане корисник. Дизајнот, содржината, искуството на корисникот, како и искуството на работната површина ќе се заснова на „B2C“ (business to costumers) рекламирање. Во 2016-та „B2B“ (business to business), како корпоративните купувачи ќе ги користат истите уреди за работа, и ќе очекуваат нивните добавувачи и партнери да се усогласат со искуствата на купувачите. Поделбата помеѓу „B2B“ и „B2C“ ќе се намали.

Кој е сопственик? Би можело да биде „бот“! Како маркетинг платформите автоматски ќе ги завршуваат работите, многу од трговците ќе разберат дека за резултатите ги известува роботски систем, а не човек. Решавањето на овој проблем ќе подразбира засилување на битката во компанијата и поголемо вклучување на луѓето наместо роботите.

Вашата бренд репутација не е алгоритам. Онлајн менаџментот ќе се трансформира од претежно роботска „SEO“ оптимизација која одговара на „Google“ алгоритмите за рангирање на содржините на авторативни содржини кои се споделуваат со трети страни на медиумските платформи.

Проверка на автентичноста и анонимноста на производите и работодавачите. Пред крајот на 2015-та година гигант како што е „Amazon“ се соочува со критики за автентичноста на нивните производи во однос на прегледите. Затоа, во наредната година страните ќе мораат да се позанимаваат со овој проблем, односно проверување на автентичноста на критиките на компанијата.

Тоа не сте Вие, тоа е Вашиот телефон. „GPS“ апликациите, како што се „Google Maps“ и „Waze“ ќе овозможуваат со помош на телефонот да пронајдете некоја локација во секој момент. Сега оние кои се рекламираат ќе го подобрат „Waze“ така што ќе го наградат со купон секој кој ќе застане пред нивната продавница. Купоните ќе бидат пренесени на вашиот паметен телефон, па така ќе Ви ја олесни потрагата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП