10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрад со повеќе фирми од жители

Град со повеќе фирми од жители

zug_sightseeing

Кантонот Цуг кој се наоѓа во централниот дел на Швајцарија, има 27.000 жители и 29.000 регистрирани компании.

Европското седиште на американскиот ланец за брза храна Бургер Кинг се наоѓа во Цуг, но централата на оваа компанија во Швајцарија е мала и нема многу вработени, што е чудно за претставништво за една така голема мултинационална компанија.

Според податоците до кои дојдоа некои медиуми, во Цуг се регистрирани 29.000 компании што значи дека овој мал швајцарски кантон има повеќе фирми отколку жители.

Толкавиот број на регистрирани компании во Цуг не е за изненадување, затоа што тој е кантон со најниски даноци, па поради тоа би можел да стане фискален рај во светот.

Профитот на Бургер Кинг во 2012-та година и покрај кризата скокна за 16.6 проценти. Меѓу земјите во кои компанијата остварува најголем промет се Германија, Велика Британија и Шпанија, и во нив таа е обврзана да плати данок меѓу 25 и 30 проценти на остварените капитални добивки.

Па така се шпекулира дека присуството на Бургер Кинг во Цуг има директна врска со напорите на компанијата да го избегне плаќањето на даноците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП