17 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот Shangri - La Hotel во Абу Даби (фото)

Луксузниот Shangri – La Hotel во Абу Даби (фото)

sd1

Shangri-La знaчи рај, а до овој рај многу лесно можете да стигнете…

Прекрасниот „Shangri-La“ во Абу Даби е нешто најблиско до рајот што ни нуди овој дел од светот. Ова е најлуксузното место за одмор и опуштање во богатата престолнина на Обединетите Арапски Емирати. Абу Даби како град е исполнет со бројни културни активности и места кои би требало да ги посетите.

Во градот кој многу брзо се развива, потребно ви е место каде можете да се одморите и опуштите, и да си дозволите размазување на многубројни начини, па затоа верувајте „Shangri-La“ ќе ви даде се што ви е потребно.

Супериорното сместување во овој хотел, ќе ви понуди простор за одмор веднаш при првиот чекор. Земете ги во предвид и петте базени, петте ресторани, четирите ложи, како и барот Pearls на кровот и веднаш ќе сфатите дека тука постои стилот, комфорот, луксузот и гламурот. Ако сакате да се забавувате, да уживате во одличната храна и бурниот ноќен живот, ова е вистинското место за вас.

Уникатните искуства ве очекуваат зад секој агол во овој хотел. Секоја вечер која ќе ја поминете овде ќе биде незаборавна ако само прошетате по луксузната хотелска плажа, додека во утринските часови ќе ве дочека CHI спа центарот, со цел на вистински начин да го започнете денот.

sd2

sd3

sd4

sd5

sd6

sd7

sd8

sd9

sd10

sd11

sd19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП