1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПет ѕвезди за Infiniti Q30 на тестот за безбедност (видео)

Пет ѕвезди за Infiniti Q30 на тестот за безбедност (видео)

inq30-1

Првиот компактен модел на јапонскиот производител освои максимални пет ѕвезди на тестирањето кое го прави независната европска организација за безбедност на нови возила, „EuroNACP“.

При оценувањето колку автомобилот е безбеден, „EuroNCAP“ применува строги критериуми кои подразбираат испитувања на неколку различни категории. Се согледуваат аспектите за безбедност на возрасните патници, децата, заштита на пешаците, како и ефикасноста на електронските системи за асистенција.

Покрај тоа што ги запиша сите пет ѕвезди, „Infiniti Q30“ може да се пофали и со одлични резултати во секоја од тестираните категории. Кога станува збор за безбедноста на патниците, „Q30“ на тестовите достигна ниво на заштита од 84% (возрасни) и 86% (деца).

inq30-2

За тоа допринесоа т.н. пасивни безбедносни системи – комплетот воздушни перничиња, вклучувајќи предни, странични, „завеси“ напред и позади, како и јастуче за колената на возачот.

Во доменот за заштита на пешаците, компактниот „Infiniti“ забележа 91 процент. На ваквиот резултат влијаеа дизајнот и структурата на предниот дел на возилото – браникот, хаубата и шофершајбната, кои се изработени така што ќе ги намалат повредите во случај на удар во пешак.

Голем допринес дава и сензорот за препознавање на контакт на возилото со нозете на пешакот, кој го активира т.н. „pop up“ систем, односно подигнување на хаубата во случај на наидување на пешак.

inq30-3

Заслугите за резултат од 81% на полето за заштита во категоријата на безбедносните асистенции припаѓаат на обединетите технологии кои се дел од „Infiniti“ безбедносниот штит (Infiniti Safety Shield).

Oвој систем опфаќа предупредување на опасност од удар во возилото и се наоѓа напред (Forward Collision Warning), предупредување во случај на напуштање на коловозната лента (Lane Departure Warning) и предупредување за ограничување на брзината (Speed Limit Warning).

„Q30“ е првиот глобален компактен модел во гамата на брендот „Infiniti“ и воедно прв модел на овој производител кој се произведува во Европа, во фабриката во Сандерленд (Велика Британија). Автомобилот е долг 4.425 mm, широк 2.083 mm и висок 1.495 mm.

inq30-4

Oд погонските системи подготвени се 1.6-литарски бензинец со 120 KS i 156 KS, како и 2.0-литарски со 211 KS, додека за љубителите на дизел агрегати се наменети 1.5-литарски мотор со 109 KS и 2.2-литарски со 170 KS.

„Infiniti Q30“ ја дели „MRA“ механичката платформа со „Mercedes A Сlasѕ“, а покрај тоа, овој модел го споредуваат и со „Audi A3“ и „BMW Serieѕ 1“.

Погледнете како новиот „Infiniti“ мина на „EuroNCAP“ тестот:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП