26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAndroid сега и на апаратот на Samsung

Android сега и на апаратот на Samsung

android kamera

„Android“ денеска може да се најде не само во телефоните и таблетите, туку веќе се користи и во автомобилите, конзолите, телевизорите, па дури и во фотоапаратите. Во тоа море на нови уреди вниманието ни го привлече  фотоапаратот на „Samsung“ – „Galaxy Camera 100“, затоа што сметаме дека овој уред ќе го привлече вниманието на корисниците, па така часовникот или автомобилот ќе може да почекаат.

Идеата за ваквите апарати е тоа да не чекате да стигнете до дома за да ги постирате вашите фотографии, туку да ви се овозможи веднаш да работите на апаратот, нормално со програми за обработка на слики и притоа сите да ги поставите на интерент. Овој уред работи на  „Android 4.1“ оперативен систем со „quad-core“ процесор и 2GB RAM исто како мал брз таблет со дијагонала на екран од 4.8 инчи.

android kamera1

Оваа камера е наменета за напредни аматери, а пак професионалците и натаму ќе продолжат да ги користат камерите со рачно подесување, така да профи-апаратите не се конкуренција за „GC100“.

Дизајнот е одличен и камерата може да се носи во многу мала торба, бидејќи објективот се повлекува. Батеријата е стандардна и чини само 10 евра, па така лесно може да се обезбеди резервна кога одите на пат, а една батерија ви овозможува да снимите околу 200 фотографии.

Максималната резолуција на сликата е 16 MPX, а на видеата  со „Full HD“ е на 30 fps, додека пак сите податоци се чуваат на „SDHC“ картичка и 8GB внатрешна меморија. Оптичкиот зум е дури 21x, што е навистина ипресивно, отворот е F2.8-5.9, а „CMOS“ сензорот е од 1/2.3 инчи. „GC100“ има двојна стабилизација, 7 филтри на слики и автофокус кој може да биде автоматски. На камерата има многу начини за подесување, од кои многу се доста напредни, како што се „action freeze“ или „best face“.

android kamera2

Уредот има добиено многу добри оцени на сајтови посветени на фотографијата, каде што конкуренцијата е силна и критиките се немилосрдни, а сите се согласуваат во оценката дека „GC100“ уште е најдобра камера за аматери и напредни аматери со извонредните можности кои ги пружа „Andorid“ платформата и нејзиниот моќен хардвер. Имајте на ум дека ова е уред кој ќе го користите со години, па инвестирање реално и не е така големо како што можеби изгледа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП