20 јуни, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајгламурозниот имот во Полска (фото)

Најгламурозниот имот во Полска (фото)

пои1

Со повеќе од 279 хектари површина, ова е веројатно најекстравагантниот имот во Полска…

Се наоѓа во срцето на националниот парк, на 25 километри од Познан и има своја авионска писта и хелиодром. Овој имот е всушност Sowiniec Polo Club, односно еден од најдобро опремените поло клубови во овој дел на Европа, со терени и арени, ливади и прекрасен простор покрај река. Во склоп на овој имот се наоѓа и приватна марина, која на идниот сопственик ќе му даде можност за уживање во разновидните луксузи.

Имотот поседува и штали со место за 60 коњи, затворена арена за јавање, отворена арена за јавање со осветлување, патека за тренинг и два поло терени во реална големина. Тука е и шармантната куќа за гости.

Овде постои нешто што е далеку поимпресивно од самиот поло клуб и тоа е дефинитивно Sowiniec вилата. Оваа богато декорирана вила има 3.246 квадратни метри простор и четири ката, вклучувајќи и 14 спални соби и девет прекрасно опремени апартмани, со приватни бањи, сместени на првиот и вториот кат.

Во приземјето на оваа вила се наоѓа огромната балска сала, со рачно насликани тавани и големи кристални лустери, како и што се очекува од ваков имот. Тука е и библиотеката и ложата за љубителите на цигари, трпезаријата како и целосно опремената кујна. Вилата поседува и работна просторија, главно лоби со мермерен под и затворен базен.

пои2

пои3

пои4

пои5

пои6

пои7

пои8

пои9

пои10

пои11

пои12

пои13

пои14

пои15

пои16

пои17

пои18

пои20

пои19

пои21

пои22

пои23

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар