26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба „Уметниците во чест на Св. Никола“ во ЦК „Марко Цепенков“ во...

Изложба „Уметниците во чест на Св. Никола“ во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

ссв-никола

Изложбата „Уметниците во чест на Св. Никола“ ќе биде отворена во петок вечер во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, а по повод патрониот празник на градот.

Вкупно 22 уметници од цела Македонија и НУ Завод и Музеј – Прилеп се претставуваат со дел од своето богато творештво посветено на Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски и на други светители.

Пред љубителите на ликовната уметност ќе биде презентирано автентичното творештво на иницијаторот на манифестацијата Драги Хаџи Николов од Гевгелија, на нашите сограѓани Благоја Атанасоски, Марта Макеска, Драган Верговски Алпи, Биљана Бинчев, Александар Џинго, Методиј Исков, Џулијано Лауцовски Верговски, Наде Тоскоска, Михајло Ристески, Верче Николоска и Марија Ѓорѓиоска, на Павле Кузмановски од Тетово, Валентина Илијевска од Куманово, Ангелина Попоска, Новица Трајковски и Стојмир Стојанов од Скопје, Оливера Макриевска, Златко Лечковски и Соња Лечковска, Славица Михаилова од Битола и охриѓанецот Ванчо Димоски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП