23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗначителен пад на инфлацијата во земјите на ОЕЦД

Значителен пад на инфлацијата во земјите на ОЕЦД

inflacija1

Годишната стапка на инфлацијата во индустријализираните земји во ноември се намали за 1,9 проценти, што е за 0,3 проценти помалку во однос на претходниот месец, како последица од слабиот раст на цените на нафтата, соопшти Организацијата за економска соработка и развој-ОЕЦД.

-Овој пад на годишната стапка на инфлација е првенствено одраз на послабиот раст на цените на енергенсите, кои во ноември се зголемија за 2,9 проценти, во однос на растот во октомври од 5,4 проценти, се вели во соопштението на ОЕЦД.

Цената на храната во ноември забележаа скромен раст на 2,2 проценти од забележаните 2,1 проценти во октомври.

Со исклучок на променливите цени на храната и енергенсите, годишната стапка на инфлацијата во 34 земји од ОЕЦД е задржана на непроменето ниво во текот на четири последователни квартали, односно на 1,6 проценти во ноември 2012 година.

Падот на инфлацијата на централните банки треба да им обезбеди дополнителен простор за продолжување или зголемување на мерките за стимулирање на економијата.

Годишната стапка на инфлацијата во еврозоната забави во ноември на 2,2 проценти од забележаните 2,5 проценти во октомври, во САД се намали на 1,8 од 2,2 проценти, а во Британија беше стабилна со 2,7 проценти.

Надвор од зоната на ОЕЦД, годишната стапка на инфлацијата во Индија во ноември се намали на 9,5 проценти од забележаните 9,6 проценти во октомври, додека во Бразил се зголеми на 5,5 проценти од 5,4 проценти кои беа забележани во октомври, а во Кина се зголеми на 2 проценти, од претходните 1,7 проценти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП