29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност во Грција е зголемена на 26,8 проценти

Стапката на невработеност во Грција е зголемена на 26,8 проценти

4highres_00000402979949

Стапката на невработеност во Грција е зголемена на 26,8 насто, што е највисока од сите земји во ЕУ.

Официјалните грчки податоци за октомври покажуваат дека Атина го превзела “првото место” од Шпанија како земја со највисока стапка на невработеност во Европа.

Грчкото стопанство и натаму е во рецесија, а владата е во процес на применување на тешки мерки на штедење. Атина ја намали потрошувачката за да ги исполни условите за добивање на финансиска помош, потсетува ББС.

Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Eвропската комисија ветиле вкупно 240 милијарди евра помош, од кои Грција примила повеќе од две третини.

Грчката влада побарала помош бидејќи не може да се избори со отплатата на каматните стапки за постоечките долгови.

Според условите за добивање на помошта, Грција се согласила на значително намалување на потрошувачката, како што се отпуштањата на вишокот вработени и замрзнувањето на платите во јавниот сектор, но и намалување на пензиите.

Додека стапката на невработеност во Грција во октомври била 26,8 насто, според последните податоци во Шпанија во ноември бил 26,6 проценти.

Шпанија е исто така во рецесија, кадешто владата мора да ја намали потрошувачката ако сака да го намали долгот.

Аналитичарите велат дека Грците за порастот на невработеноста обвинуваат за превземените мерки за штедење, зошто со нив бројот на луѓе без работа двојно се зголемил од 2010, кога земјата го доби првиот дел од финансиската помош.

Се предвидува дека со уште поголемо намалување на потрошувачката годинава, Стапката на невработеност наскоро ќе достигне до 30 проценти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП