26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ10-те најскапи нешта во 2015 (фото)

10-те најскапи нешта во 2015 (фото)

тр3

Бидејќи се ближиме кон крајот на уште една луксузна година, ви ја претставуваме листата со десетте најскапи нешта во 2015 година, односно десетте најлуксузни нешта кои ја одбележаа оваа година.

Најскап автомобил – Koenigsegg CCXR Trevita

тр1

Опишан како дијамант на тркала поради телото од јаглеродни влакна преплетени со дијаманти, овој супер автомобил е и супер редок примерок – постојат само три во светот и чини 4,8 милиони долари.

Најскап часовник – Chopard 201 Carat

тр2

Комбинација од дијаманти во разни бои која чини 25 милиони долари.

Најскапото чоколадо – To’ak

тр3

Најпрефинетото и најскапо чоколадо доаѓа од Еквадор, 50 грама од ова чоколадо ќе ве чинат 260 долари, а дури и да имате пари потребна ви е и среќа да го пробате, бидејќи досега само 547 лица уживале во ова задоволство. Тоа е специфично запакувано и можете да го консумирате со прибор специјално наменет за него.

Најскапиот скапоцен камен – дијамантот Blue

тр4

Овој дијамант со 12,03 карати е сместен на прстен, а колекционерот од Хонг Конг за него платил 48,5 милиони долари.

Најскапата слика – сликата на Пикасо Les Femmes d’Alger

тр5

Таа е продадена на аукција во Лондон по цена од 179,3 милиони долари.

Најскапата торба – Mouawad 1001 Night Diamond Purse

тр6

Најскапата торба има облик на срце и декорација од 4.517 дијаманти, нејзината цена изнесува 3.8 милиони долари.

Најскапите чевли – Ruby Slippers – Harry Winston

тр7

Овие црвени чевли се декорирани со 4,600 рубини и 50 карати дијаманти, нивната цена е 3 милиони долари.

Најскапата вила – Palazzo di amore

тр8

Оваа вила е исполнета со луксуз, а нејзината цена е 195 милиони долари.

Најскапото вино – Domaine de la Romanee – Conti Grand Cru

тр10

Цената на едно шише од ова вино се движи од 13.055 долари па се до 40.000 долари

Најскапиот празничен украс – Tree Star by 77 diamonds

тр9

Оваа украсна ѕвезда за вашата елка чини речиси еден милион долари, а неа ја красат 281 дијамант. Може да се носи и како ѓердан кога ќе поминат празниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП