18 април, 2025
ПочетнаКАРИЕРАМладите во светот: понарцисоидни, поегоистични и подепресивни

Младите во светот: понарцисоидни, поегоистични и подепресивни

A-group-of-young-people-007

Новите податоци покажуваат дека младите студенти се претерано уверени во сопстената величина, без оглед на тоа дали постигнале нешто или не. Дури 30 насто се понарцисоидни од своите врсници од 1979 година.

Денешните млади се сметаат за најпосебни од која било генерација пред нив, покажува новата студија спроведена на американските универзитети, која се концентрирала на нивното чувство дека имаат право се да кажат, да постапат или да станат она што ќе посакаат.

Младите луѓе имаат вонредно, досега невидено високо ниво на љубов кон себе, покажува анализата на одговорите на американските бруцоши, кои требало да се оценат во споредба со оние на нивните врсници од 1966 година.

Околу девет милиони млади луѓе во последните 47 години учествувале во истата анкета, но последната генерација е најсамоуверена во историјата на истражувањето. Студијата покажала дека студентите имаат 30 проценти повисок степен на нарцисоидност во однос на студентите од 1979 година.

Психологот Џин Твенџ и нејзините колеги, тврдат дека во текот на последните четири децении дошло до драматичен пораст на бројот на студенти, кои себе се опишуваат како “надпросечни” кога станува збор за академските способности, мотивацијата, математичките способности и самодовербата.

Но во проценката на особините како што се кооперативноста, разбирањето на другите и духовноста, податоците се исти или полоши во однос на предходните периоди.

Истражувачите исто така откриле декa постои видлива разлика меѓу мислењето што за себе го имаат студентите и нивните вистински способности.

Додека студентите сметале дека се понадарени во писменото изразување отколку нивните предходници, тестирањето објективно покажало дека нивните способности за писимено изразување се далеку помали од оние на нивните колеги од 1960 година.

Имено, студентите помалку учат од предходните генерации. Малку повеќе од третина ученици изјавиле дека учат шест или повеќе часа неделно, додека во доцните 80-ти толку време во учење вложувале речиси половина од сите студенти. И покрај тоа што работат помалку, бројот на оние кои имаат големи желби за успех главно е во пораст.

Стручњаците сметаат дека за лажното чувство на успешност придонесуваат трендовите како што се интернет мрежите, celebrity културата и лесното земање кредити.

Многу е веројатно дека овие млади егоисти во позрелите години ќе постанат депресивни луѓе.

Студијата од 2006 покажала дека студентите страдаат од “инфлација на амбиции”, па нивните зголемени амбиции ги следат нереални очекувања.

Од 60-тите и 70-тите години на минатиот век, кога започнале да растат таквите очекувања, дошло до зголемување на анксиозноста и на депресиите. На земјата ќе има многу луѓе кои не ги оставриле своите цели, вели др.Твенџ.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП