17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК: Половните возила најголеми загадувачи

ССК: Половните возила најголеми загадувачи

avto-pazar333

Главен виновник за загаденоста на воздухот во земјава е увозот на половни возила овозможен во последните пет години со мерката на владата со која им се овозможи на посиромашните граѓани да купат превозни средства, обвини Сојузот на стопански комори (ССК).

Од таму бараат итно да се воведе еуро 4 стандардот за увоз на половни возила и воведување на регулаторната политика на јагленмоноксид при увоз и регистрација на возила.

„Нашата анализа покажа дека најголеми загадувачи не се индустриските објекти и огревното дрво, туку проблемот се лоцира во увозот на половни возила интензивиран во последните 5 години. Овие возила не ги исполнуваат декларираните еуро нормативи и ја зголемуваат емисијата на штетни ПМ 10 честички во воздухот. Тие возила немаат заштитни филтери и катализатори и емитуваат огромна количина штетни честички во воздухот. Овие возила особено во последните 5 години се внесени во голем број, кога и загадувањето на воздухот покажа најголеми размери. Нивната бројка, според податоците од Царинската управа од 2010 до 2015 година, изнесува 191.639 употребувани патнички возила“, изјави извршниот директор на ССК, Митко Алексов.

Анализата потврдила дека пред интензивниот увоз на овие возила немало проблем со прекумерна загаденост на воздухот, иако работеле индустриските капацитети, а граѓаните и тогаш користеле огревно дрво за затоплување.

„Возилата кои се увезуваат со еуро 3 норматив се стари и по 15 години и истите го исполнувале овој норматив во периодот кога биле нови. Со нивна повеќегодишна експлоатација тие повеќе не го исполнуваат овој норматив – вели Алексов, додавајќи дека ССК бара итно воведување на ЕУРО 4 стандардот за увоз на половни возила и воведување на регулаторна политика за CO2 при увоз и регистрација.

Од ССК се повикаа и на студијата „Зелен раст“ на Светска банка која констатира дека доколку Македонија се насочи кон намалување на честичките ПМ 10 и ПМ 2,5 до вредностите на европскиот лимит во тој случај со тоа ќе се избегнат 800 смртни случаи, илјадници денови во изгубена продуктивност, а тоа ќе резултира со 151 милион евра во здравствена заштита годишно.

Според таа студија, во Македонија годишно во просек умираат по 1.350 луѓе поради загадување на воздухот. Загадувањето на воздухот, според истиот извештај, ја чини Македонија 253 милиони евра или 3,2 отсто од БДП-то.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП