23 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЖивејте како крал (фото)

Живејте како крал (фото)

zamok1

Дали отсекогаш сте се чувствувале како кралеви и кралици, иако ниту една капка „сина крв“ не тече низ вашите вени?

Ако одговорот е потврден, имаме идеална понуда за вас, која може да ви го промени животот на подобро. Станува збор за њујоршкиот замок Highlands, кој може да стане вашата кралска резиденција.

Сместен на падините на планината во периферијата на Њујорк, овој луксузен замок може да биде ваш за неколку милиони долари. Камените ѕидови, железните капии и околната шума се само дел од пакетот, кој ќе направи да се чувствувате кралски, ако не и подобро.

Овој замок има затемнета стаклена врата, простор за забава, кој го чуваат два дрвени витези, а ја поседува и важната и потребна вибрација на средновековниот период.

Една од собите во овој замок има дури и тајни скалила, кои водат до долното ниво. Кога ќе се симнете доле, тајниот премин зад полиците со книги, ќе ве одведе до големиот простор за уживање. Ова место дефинитивно ќе ви го олесни уживањето во животот.

Цената на овој неверојатен имот сеуште не е откриена, но знаеме дека е достапен за купување преку Sotheby’s аукциската куќа. Секако колку и да чини, вреди за секоја пара.

zamok2

zamok3

zamok4

zamok5

zamok6

zamok7

zamok8

zamok9

zamok10

zamok11

zamok12

zamok13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП