26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПудинг за милионери (фото+видео)

Пудинг за милионери (фото+видео)

puding1

Во текот на празничната сезона секој сака да се почасти со некој префинет и екстравагантен подарок…

Некои ќе купат скапоцена елка, облека или подароци за некој друг, а некои пак ќе се одлучат за поинакви задоволства.

Готвачот Мата Ворсвик, главниот готвач во „Thomton Hall Hotel“ одлучи да ги помести границите на луксузот, па така креираше пудинг кој е исполнет со скапоцени состојки.

Овој пудинг е наречен Ultimate Millionaire Christmas Pudding и содржи состојки како 23-каратно злато и ултра реткиот Remy Martin Louis XIII Black Pearl коњак.

Неговиот рецепт содржи 400 мл Remy Martin Louis XIII Black Pearl коњак, вреден околу 13.000 долари. Секоја порација од овој десерт содржи сребро (прилагодено за консумирање) со цена од 300 долари и 23-каратни златни листови (прилагодени за консумирање), кои чинат 1.500 долари.

Доколку сакате да го вкусите ова задоволство ќе ви бидат потребни пари и време, овој пудинг за милионери чини 3.773 долари, а само подготовката трае два часа, а самото готвењето трае осум часа.

Доколку ги поседувате овие ексклузивни состојки, можете и самите да го подготвите бидејќи во видеото (најдоле) накратко е опишан целиот процес…. уживајте!

puding2

puding3

puding4

puding5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП