27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на златото падна на најниско ниво за последните пет години

Цените на златото падна на најниско ниво за последните пет години

zlato pracki

Цената на златото падна во петокот на најниско ниво за последните пет години, бидејќи пораснаа изгледите дека американската централна банка (Фед) во декември ќе ги крене каматните стапки.

Цената на златото за непосредна испорака во петокот на Лондонската берза падна за 0,7 отсто на 1.064,83 долари за унца, а доколку овој пад продолжи, можна е шеста последователна седмица во која златото ја губи својата вредност.

Вредноста на златото моментно е на најниско ниво од февруари 2010 година, бидејќи инвеститорите ги разгледуваат перспективите на зголемени камати во САД, откако најновите податоци укажуваат на јакнење на американската економија.

Цената на платината денеска се намали за еден отсто на 844,18 долари за унца, што е близу најниското ниво за последните седум години, наведува Bloomberg.

Американскиот долар, кој обично се движи во спротивна насока од движењето на цената на златото, зајакна за 0,1 отсто во однос на кошничката на десет водечки светски валути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП