27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНаучниците потврдија: Ова ни создава најмногу стрес на работа

Научниците потврдија: Ова ни создава најмногу стрес на работа

mejlovi-stres

Според Глорија Марк, професорка на Универзитетот Калифорнија, која проучуваше како мејловите влијаат на нашето расположение дојде до одлично откритие, односно до одговорот на прашањето што ни предизвикува најголем стрес на работното место.

Тоа се мејловите, бидејќи просечно мејлот го отвораме 77 пати на ден и сите тие мејлови имаат негативно влијание на нашето расположение.

„Колку повеќе ги проверуваме мејловите, толку помала е нашата продуктивност“, изјави Марк за „Tech Insider“.

Уште едно нејзино откритие е дека „читањето мејлови е поврзано со стресот, но не и нивното пишување“. Читањето на мејловите значи дека ги проучуваме задачите кои треба да ги направиме, додека пишувањето на мејловите значи дека сме ја завршиле задачата. Тоа е како некој вид на фрустрација која ја потиснува иновацијата во комуникацијата на работното место, пишува „Tech Insider“.

Microsoft неодамна повторно ја стартуваше Outlook апликацијата на мобилните телефони. Оваа апликација има функција која ги става важните пораки на врвот од дојдовното сандаче и ги филтрира пораките за кои мисли дека не се итни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП