27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУсвоен буџетот на Град Скопје за 2016 година – за власта развоен,...

Усвоен буџетот на Град Скопје за 2016 година – за власта развоен, за опозицијата расипнички

grad-skopje

Советот на Град Скопје на својата 56-та седница одржана во вторник го усвои Предлог-буџетот на Град Скопје за 2016 година.

Буџетот на Град Скопје за 2016 година изнесува 6,9 милијарди денари, што претставува зголемување од 16 проценти во споредба со Буџетот на Град Скопје за 2015 година. Основниот буџет на Град Скопје за 2016 година изнесува 4.798.816.000 денари.

„Станува збор за буџет кој е правен во транспарентна постапка за потребите на град Скопје и неговите жители. Станува збор за развоен буџет со голем број  капитални проекти и инвестиции кои значително ќе го подобрат животот на жителите на град Скопје. Со него се опфатени проекти во сите области на општеството: урбанизмот, сообраќајот, образованието, екологијата, културата, спортот, енергетската ефикасност, промоција на туризмот во Скопје“, изјави градоначалникот Трајановски во неговото обраќање пред советниците.

Советниците од опозицијата сметаат дека станува збор за расипнички буџет и дека не се решаваат реалните потреби на скопјани, особено не проблемот со загадувањето на воздухот.

„Само за нови барокни фасади Коце Трајановски планира да потроши нови 5,7 милиони евра. За нови плоштади и фонтани уште дополнителни 3 милиони евра. А само за одржување на фонтаните и спомениците уште 500 илјади евра. За Градската куќа следната година ќе се потрошат нови 2,6 милиони евра. Врв на забеганоста, безобразлукот и луксузирањето се 500 илјади евра за пристапни површини околу гламурозното партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Дамјан Манчевски, советник од редовите на СДСМ.

Градоначалникот Трајановски истакна дека  со овој буџет се предвидени капитални проекти во сите 10 општини на Градот Скопје.

Во Општина Сарајпредвидена ереконструкција на главната улица Сарај и улици, сообраќајници во Глумово, додека во Општина Ѓорче Петров ќе биде продолжен булевар Партизански одреди до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле”.

Во Општина Карпош ќе се инвестира во изградба на кружен тек кај Хубо Маркет, на бул. 8 Септември, додека во Центар ќе биде проширен дел од булеварот Тодор Александров и ќе биде реконструирана улицата Кеј Димитар Влахов, како дел од плоштадот Пресвета Богородица.

За Кисела Вода се предвидуваат реализација на третата фаза од проектот за проширување и реконструкција на булевар Борис Трајковски на потегот од фабриката „Стакларница“ кон населбата Драчево, потоа продолжување на булевар Србија до улица Христо Татарчев, каде што ќе се изгради голема кружна крстосница, а ќе биде реконструирана и проширена улица Павел Шатев.

Во Општина Аеродром  предвидено е завршување на втората фаза од проектот за проширување и за  реконструкција на булевар Трета Македонска бригада, на потегот од крстосницата со улицата Васко Карангелевски до улицата Никола Карев, делница долга 1.400 метри. Предвидено е и проширување на булевар АСНОМ – Изградба на булевар АСНОМ во делот на Керамидница до новата сала Јане Сандански и изградба на дел од булевар АСНОМ од последна 5-ка кон куќите во Лисиче прва фаза.

Во Гази Баба ќе заврши првата фаза од проектот за проширување и реконструкција на улица Маџари, а ќе се доизгради и кружниот тек помеѓу улиците „16. Македонска бригада и „Коце Металец“ во Гази Баба, на влезот во населбата Железара.

Покрај тоа, ќе биде проширен булеварот Александар Македонски од Агросервис до клучка Дијамант.

Почеток на градежни работи за реконструкција и проширување на булевар Христијан Тодоровски Карпош во делот на Чаир, почеток на проектот за изградба на 4-та лента на булевар Никола Карев (Пластичарска) и изградба на атмосферска канализација на улица Џон Кенеди и Кемал Ататурк, е предвидено за Општина Чаир.

Во Бутел ќе почне пробивањето на булевар Христијан Тодоровски Карпош и поврзување со обиколницата, додека во Шуто Оризари ќе  финишира изградбата на новиот водовод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП