26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАLG ќе инвестира во OLED технологијата

LG ќе инвестира во OLED технологијата

LG 3D OLED TV

„LG“ планира да инвестира околу 657 милиони долари за зголемување на производството на „OLED“ телевизорите, а масовното производство се очекува да започне во втората половина на 2014-та година.

Јужнокорејската компанија е единствениот производител на органски „OLED“ панели и за неколку месеци се очекува првиот „OLED“ телевизор со голем формат да биде достапен на пазарот.

„OLED“ (Organic Light Emitting Diode) е органски материјал направен од јаглеродни влакна кои емитираат светлина кога електрична енергија поминува преку нив.

На оваа технологија не и треба позадинско осветлување и филтри, и ова ја разликува од „LCD“ екраните.

Со самото тоа овој вид на технологија е повеќе енергетски ефикасна, едноставна и овозможува производство на многу потенки екрани во споредба со моделите кои користат „LCD“ технологијата.

„OLED“ технологијата обезбедува одличен квалитет на сликата, овозможува доследни и живописни бои, длабоки црни тонови, брзо освежување на сликите и широк агол на гледање. Полека но сигурно поставува стандарди во рамките на оваа индустрија, стекнувајќи значајни признанија од корисниците, но исто така и експерти.

oled

Технологијата како што е „OLED“ исто така нуди голем број на предности во однос на производството и дизајнот.

„OLED“ телевизорите како финален производ се далеку потенки од „LED“ верзиите, затоа што бараат многу помали слоеви.

Благодарение на минималниот износ на слоеви, „LG“ неодамна започна со продажба на „OLED“ телевизори кои се само 4 милиметри тенки, многу дискретни и неверојатно лесни, така што закачени на ѕидот од дневната соба претставуваат вистинско уметничко дело.

Меѓутоа, производителите на „OLED“ панелите се соочуваат со проблеми калибрација на бојата со потполна прецизност. Како пионер во оваа област, „LG“ го надмина овој проблем така што на своите уреди им додаде бел пиксел и специјален усовршувач за оптимизација на бојата.

oled1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП