27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБесими дискутираше за Извештајот со граѓанските организации

Бесими дискутираше за Извештајот со граѓанските организации

besimi 3495

По повод објавувањето на Стратегијата за проширување од страна на Европската комисија и Извештајот за напредокот на Македонија, денеска во Секретаријатот за европски прашања се одржа дискусија со претставници на граѓанските организации на тема: „Стратегијата за проширување од страна на Европската комисија, Извештајот за напредокот на Република Македонија и разговор околу следните чекори”.

На дискусијата, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, говорејќи за преземените чекори по добивањето на Извештајот за напредокот, резултатите од првичната анализа, која беше изработена од страна на Секретаријатот за европски прашања и планираните следни чекори во насока на постигнување на напредок до одржувањето на декемврискиот Совет на ЕУ, истакна дека е важно што во Извештајот се споменува дека Европската комисија е подготвена да му предложи на Советот започнување на пристапните преговори, што е од големо значење не само за Република Македонија, туку и за регионот.

Владата останува посветена на овој стратешки интерес и внимателно ќе ги разгледува сите препораки од Европската комисија во владиниот план за имплементација на итните реформски приоритети, потенцира Бесими.

Претставниците на граѓанските организации го поздравија одржувањето на дискусијата, воедно беа истакнати нивните видувања и ставови во поглед на предизвиците нотирани во Извештајот.

Секретаријатот за европски прашања, најави дека во следниот период ќе продолжат засебни дискусии со граѓанскиот сектор по однос на клучните наоди од Извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП