27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија треба да достави нов предлог буџет за 2016

Шпанија треба да достави нов предлог буџет за 2016

shpanija-madrid

Европската комисија вчера и наложи на Шпанија да поднесе нов нацрт буџет за 2016, кој треба да вклучува и низа проценки за буџетскиот дефицит, со цел да се избегне кршењето на строгите прописи на ЕУ за буџетската потрошувачка.

„Комисијата очекува дека шпанскиот буџетски дефицит оваа година ќе биде намален на 4,5 проценти од бруто домашниот производ (БДП) а идната година на 3,5 проценти од БДП, што значи дека Шпанија нема да ја исполни целта за намалување на прекумерниот дефицит до 2016 година“, наведува Комисијата, пренесува агенцијата Франс прес.

Моменталниот нацрт на буџетот е заснован на премногу оптимистични економски прогнози кои не ја земаат во предвид изложеноста на земјата на забавувањето на пазарите во развој, наведува Комисијата.

Според прописите на ЕУ, буџетскиот дефицит на државите членки не смее да надмине три проценти од БДП. Шпанија буџетскиот дефицит од 10,6 проценти од 2012 година минатата година успеа да ги намали на 5,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП