26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаскоро пристигнува првиот смартфон на Pepsi

Наскоро пристигнува првиот смартфон на Pepsi

pepsi smartfon22

Се погласни стануваат гласините дека американскиот производител на безалкохолни пијалоци планира претставување на евтин смартфон.

Тој се очекува да биде претставен во Кина на 20-ти октомври.

Уредот се очекува да е со 5.5-инчен дисплеј со резолуција од 1080 пиксели, осумјадрен процесор „MT6592“ од „MediaTek“ и 2 GB RAM меморија. Неговата задна камера најверојатно ќе има 13 мегапиксели, а предната ќе биде 5 мегапикселна.

Внатрешната меморија на уредот се очекува да е 16 GB, а батеријата со капацитет од 3.000 mAh.

Овој смартфон ќе го носи името „Pepsi P1“ и ќе го користи оперативниот систем „Android 5.1 OS“.

Во однос на цената шпекулациите се дека смартфонот ќе се нуди за сума од 1.299 јуани (205 долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП