2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција се закани дека нема да купува гас од Русија

Турција се закани дека нема да купува гас од Русија

Recep Tayyip Erdogan

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди во четвртокот Русија дека ќе го прекине договорот за откуп на гас, доколку руските воздушни сили продолжат да го кршат нејзиниот воздушен простор при бомбардирањето.

„Ние не можеме да се сложиме со сегашната состојба. Објаснувањето на Русија во врска со кршењето на воздушниот простор се неуверливи“, рече Ердоган.

Тој наведе дека Турција е најголем купец на руски природен гас.

„Губењето на Турција за Русија би можело да биде голема загуба. Турција во нужда може да купува гас од повеќе различни места“, додаде турскиот претседател.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП