26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolkswagen: Сите возила ќе бидат поправени до крајот на 2016

Volkswagen: Сите возила ќе бидат поправени до крајот на 2016

Germany Volkswagen Shares

Автомобилскиот гигант Volkswagen во јануари ќе започне да ги повлекува возилата заради отстранување на неправилностите при користењето на софтверот за лажирање на еко-тестови, а сите возила ќе бидат поправени до крајот на годината, објавија германските медиуми.

„Доколку сѐ биде според планот, повлекувањето на возилата ќе започне во јануари. Сите возила ќе бидат поправени до крајот на 2016 година“, рече Матиас Милер, новиот извршен директор на VW, кој на функцијата дојде пред десет дена, откако неговиот претходник поднесе оставка поради скандалот.

Најголемиот светски производител на автомобили, кој во првото полугодие според бројот на продадени возила ја претекна Toyota, се најде под голем притисок откако американската Агенција за заштита на околината објави дека некои дизел возила имаат софтвер кој на еко-тестовите прикажува значително помала емисија на гасови.

Поради ова на Volkswagen во САД му се заканува казна до 18 милијарди долари, а истрага е најавена и во други држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП