27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПанел дискусија на тема „Бегалци, мигранти, терористи? Справување со фактите и предрасудите“

Панел дискусија на тема „Бегалци, мигранти, терористи? Справување со фактите и предрасудите“

DSC_2809

Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), на 5-ти октомври во Александар Палас  организираше панел дискусија на тема „Бегалци, мигранти, терористи? Справување со фактите и предрасудите“ по повод одбележување на 10 годишнината од постоењето на овој Универзитет.

Имајќи ги предвид драматичните случувања со миграциските движења во изминатиот период кои не ја заобиколуваат нашата држава, како и големите предрасуди и факти кои пропорционално и следствено произлегуваат oд таквите случувања, оваа панел дискусија имаше за цел да даде придонес кон дебатата и размислувањата околу справување со моменталната бегалска криза која ја засега и Република Македонија.

На панел дискусијата присуствуваа видни професори и научници, дипломати, амбасадори и претставници од невладиниот сектор. Свое обраќање имаа г-дин Мохамед Ариф, претставникот на УНХЦР во Скопје, неговата екселенција г-дин Ернесто Масимо Белели, амбасадор на Република Италија во Македонија, д-р Зоран Шапуриќ, професор на УАКС, г-ѓа Сузана Салиу, директор на Центарот за управување со кризи, г-ѓица Мартина Смилевска, претседател на Македонското Здружение на Млади Правници, д-р Саит Саити, генерален секретар на Црвен Крст на Република Македонија и г-ѓа Марија Тодоровска, програмски директор во НВО Отворена Порта.

DSC_2744

Модератор на тркалезната маса беше д-р Марина Андева, доцент на Факултетот за политички науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје. Со своето обраќање претставникот на УНХЦР во Скопје, г-дин Мохамед Ариф, говореше за улогата на УНХЦР во Република Македонија и активностите кои се се имплементираат, а кои се насочени кон згрижување и обезбедување помош на бегалците кои транзитираат низ Југоисточна Европа, но пред се низ Република Македонија. Г-дин Мохамед Ариф истакна неколку клучни прашања во однос на позицијата на УНХЦР за актуелната бегалска криза посочувајќи на фактот дека 80% се сиријци од мигрантите воедно дека кризата ќе продолжи понатака и нема да се реши во блиска иднина, со проекција дека ќе се зголеми бројот на мигранти и бегалци, посебно од Сирија и дел од Авганистан.

Амбасадорот на Република Италија во Македонија, г-дин Ернесто Масимо Белели, говореше за тоа дека италијанците барааат од ЕУ да се соочат со проблемот во врска со мигрантите. Зголемување на мигрантите во 2013 година изнесуваше 296%. Г-дин Масимо Белели истакна дека сите земји во шенген зоната вклучувајчи ја и Италија, треба да го земат предвид протокот на миграција и да го намалат во следниот период. Треба да се земе предвид поделбата помеѓу северните и јужните земји. Сите земји во Европа треба да учествуваат во решавање на овој глобален проблем. Сепак постои надеж дека во најскоро време ќе се изнајде соодветно решение за стабилизација и решавање на овој феномен кои ќе им помогне како на европските, така и на неевропските земји да го решат овој проблем во поглед на бегалците и мигрантите.

DSC_2741

Проф. д-р Зоран Шапуриќ во своето излагање, на кратко ги образложи политиките и правото на ЕУ во областа на миграции и азил, воедно дека ЕУ широко ги отвори своите врати и покажа висок степен на солидарност. Со тоа се обезбедува финансиска подршка за земјите кои се зафатени со проблемот и миграциите.  Додека пак во 2016 година се очекува фискална дисциплина на тоа прашање.

Директорката на Центарот за управување со кризи на Република Македонија г-ѓа Сузана Салиу, ја презентираше работата како и структурата на Центарот на ниво на целата територија на Република Македонија со посебен акцент на тоа дека финансиите преставуваат голем проблем за справување со мигрантската криза. Ретроспективно се потсетивме на 3-те кризни сосотјби во Р. Македонија 1. 2007 год поради пожари 2. 2013 електоенергетска криза 3. криза со мигрантите. Воедно г-ѓа Салиу потенцираше дека денеска (ЦЕК) ценатрот за економски кризи прославува 10 години од постоење.

DSC_2733

Панел дискусијата исто така се осврна особено на хуманитарната активност на организациите кои со своипретставници учествуваа на овој настан. Д-р Саит Саити, генерален секретар на Црвениот Крст на Република Македонија ги презентираше активностите на Црвениот Крст дискутирајќи за прашања поврзани со хуманитарните активности насочени кон обезбедување на поддршка и помош на мигрантите на терен. Црвениот Крст од 2012 год се занимава со давање на здравствени услуги на бегалците. Од 1 јуни 2015 година ЦК асисистирал во околу 115 илјади случаи.

Детали околу актулените правни прописи и процедури во Република Македонија беа дискутирани од страна на г-ѓа Мартина Смилевска, претседател на Македонското Здружение на Млади Правници. Програмскиот директор при НВО Отворена Порта, г-ѓа Марија Тодоровска говореше за активностите на овааорганизација кои се реализираат преку посебната програма за поддршка на мигранти и баратели на азил,посочувајќи исто така за предизвиците со кои оваа организација се соочува на терен.

DSC_2807

Панел дискусијата заврши со покана до сите гости и панелисти да присуствуваат на прославата која следеше во 20.00 часот во хотел Александар Палас, по повод 10 годишниот јубилеј на Универзитет Американ Колеџ Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП