26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше" вечерва на плоштадот...

„Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше” вечерва на плоштадот Македонија

zvezdeno-nebo-tose

Традиционалниот музички хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше”, ќе се одржи во понеделник вечер во 19:30 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Оваа година, покрај неговите познати хитови, ќе бидат промовирани и до сега необјавената песна на ромски јазик на Тоше Проески „Ефта пуране иконе“ (Седумте стари икони), како и долгоочекуваната верзија на песната „Малечка“ на англиски јазик.

„Настанот се одржува по иницијатива на обожавателите на Тоше Проески, во спомен на прерано починатата македонска музичка ѕвезда, на денот на неговиот последен концерт во Скопје, со цел сите заедно да се потсетиме на неговата музика и лик, но и да создадеме „ѕвездено небо“ во негова чест“, велат организаторите. /

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП