8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИDell ќе претстави хибриден таблет со 4K резолуција

Dell ќе претстави хибриден таблет со 4K резолуција

delce 00

Традиционално брендот „Dell“ се поврзува со лаптопи и компјутери. Од американскиот производител сепак се насочени кон високо конкурентиот пазар на таблети, а со новиот хибриден уред „XPS 12“ планираат да ја прекинат доминацијата на моделот на „Microsoft“ – „Surface“.

Најзначајната карактеристика на 12-инчниот таблет е неговиот „4К“-екран од „Sharp“. Оваа висока резолуција доаѓа во момент кога стандардна за таблетите е од 1.929 x 1.080 пиксели. Од „Dell“ исто така ќе понудат развој на моделот и со стандардна резолуција за да привлечат и купувачи со помал буџет.

delce 01

Во однос на останатите технички карактеристики, таблетот е со процесор „Intel Core M Skylake“, како и со активното пенкало на „Dell“.

Камерите на таблетот се 8 мегапикселна задна и 5 мегапикселна предна, а неговата тежина ќе е 790 грама. За таблетот корисниците ќе можат да избираат меѓу две тастатури кои ќе го претвораат во вистински лаптоп – стандардна и тастатура со два „USB 3.0“ порта и „USB Type-C“ порта.

Се очекува таблетот да биде официјално претставен подоцна во овој месец. Се уште нема информации во однос на цената на новиот уред.

delce 02

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП