26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигнува спортска Kia Optima со преку 200 „коња“ (фото)

Пристигнува спортска Kia Optima со преку 200 „коња“ (фото)

sportska kia2

„Kia“ на неодамна завршениот саем во Франкфурт покрај стандардната „Optimа“ ја прикажа и „GT“ верзија на оваа лимузина од средна класа, чие доаѓање на европскиот пазар се очекува во 2016-та година. „Optima“ така станува вториот „GT“ модел на „Kiа“, по целото семејство возила „Cee’d/Pro_cee’d GT“ кои во Европа беа претставени во 2013-та година.

На штандот на „Kiа“ во Франкфурт беше претставен претпродукцискиот прототип кој веќе е подготвен за производство.

За споредба со стандардната „Optimа“, „GT“ верзијата визуелно се разликува по дизајнот на браникот, бандажите, задниот дифузор и двете издувни цевки, како и по аеродинамичките додатоци на праговите.

Од „Kiа“ објаснуваат дека внатрешноста на овој модели се темели на квалитетни материјали, кои се достапни и во стандардната верзија, но со детели кои возачите не ги ставаат да се сомневаат околу спортскиот карактер на возилото.

sportska kia

Новиот „Optima GT“ настана како плод на соработката на истражувачко-развојниот центар на „Kiа“ во корејскиот Намјанг и германскиот Риселхајм, со цел да одговара на барањата на европските возачи.

Автомобилот може да се пофали и со специјална, спортска суспензија ( меѓу останатото опремена со електронска контрола на системот за потпирање) со ублажување на ударите на секое тркало посебно.

„Optima GT“ е опремена со поголеми сопирачки дискови и доработена везија на новиот серво волан на „Kiа“ кој е достапен во стандардната верзија.

За погон е избран 2.0-литарски „T-GDI“ турбо бензински мотор.

Техничките детали ќе бидат соопштени непосредно пред доаѓањето на европскиот пазар, кој е планиран за 2016-та.

sportska kia1

Познато е дека мотор со иста зафатнина кој е вграден во прототипот од Франкфурт развива 245 ks (180 kW) при 6.000 вртежи и дека располага со најголем вртежен момент од 353 Nm, во опсег од 1.350-4.000 o/min.

Тоа е доволно „Optima GT“ oд 0 дo 100 km/h да забрза за 7,4 секунди и да достигне 240 km/h.

Со оглед дека станува збор за автомобил кој е подготвен за сериско производство, слични перформанси треба да се очекуваат и во продукцискиот модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП