7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд новиот план за Кипар најмногу ќе настрадаат русите

Од новиот план за Кипар најмногу ќе настрадаат русите

russian-kipar

Најголемиот товар од антикризниот план за Кипар, кој синоќа го одобри Еврогрупата ќе падне на руските сопственици на високи депозити во најголемите банки во земјата – Кипарската банка и Кипарската народна банка, јави Би-Би-Си.

– На депозитите од над сто илади евра во тие банки ќе бидат воведени мошне високи еднократни даноци. Луѓето практично ќе ги загубат сите пари, нагласува Би-Би-Си, додавајќи дека вкупниот обем на депозити во Кипарската народна банка, кои надминуваат сто илјади евра, достигнува 4,2 милијарди евра. Нивни сопственици се претежно на Руси и Украинци.

– Како последица на стабилизациската програма лицата со сметки од десетици милиони евра ќе останат со неколку илјади, нагласува Би-Би-Си.

Еврогрупата утврди план, во чија основа е ликвидацијата на Кипарската народна банка и големо преструктуирање на Кипарската банка.

Гарантираните од европското законодавство депозити до сто илјади евра во Кипарската народна банка ќе бидат префрлени во Кипарската банка, а од останатите активи ќе биде создадена „лоша банка“, која ќе биде подложена на стандардна процедура на банкрот.

Според оценките на експертите над 60 отсто од депозити се повисоки од сто илјади евра и овие средства ќе бидат замрзнати до завршувањето на процесот, кој може да одземе неколку години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП