14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата поскапе по постигнатиот договор за Кипар

Нафтата поскапе по постигнатиот договор за Кипар

nafta-italija

Цената на нафтата на светските берзи денеска се зголеми откако Кипар постигна договор со меѓународните кредитори за заем вреден 10 милијарди евра, со цел да се спаси од колапс на банкарскиот систем.

Нафтата на Њујоршката берза поскапе за 52 цента и достигна цена од 94,23 долари за барел. Европската марка „брент“, која се користи за одредување цени на различни типови странска нафта, се зголеми за 62 цента, достигнувајќи 108,30 долари за барел.

– Пазарите на нафта позитивно одреагираа на вестите за Кипар. Сега ситуацијата околу оваа земја е појасна, истакна директорот на сингапурската компанија „ИХС Пурвин енд Герц“ Виктор Шум.

ЕУ, ЕЦБ и ММФ рано утрово постигнаа договор за потребната финансиска памош за Кипар. Кипарскиот претседател Никос Анастасијадис го прифати спасувачкиот пакет, со обврска Кипар да започне реструктуирање на двете најголеми банки, поради што најмногу ќе страдаат оние кои на сметки имаат повеќе од 100.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП