27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSkype повторно нормално функционира

Skype повторно нормално функционира

skype (1)333

„Microsoft“ синоќа по полноќ објави дека „Skype“ конечно нормално функционира, по целодневните проблеми.

Во соопштението стои дека е детектиран проблем со поставките кои се поврзани со статусите, а кои одредуваат дали некој на мрежата ќе ве гледа како „online“ или нe.

Проблемот на многумина им го зациментира статусот на „offline“, па поради тоа корисниците не беа во можност да воспостават повици.

„Skype“ брзо реагираше и соопшти дека работи на решение на проблемот.

„Некои од вас може да имате проблеми со присуство во „Skype“ и не може да сте „online“. Забележавме проблем со прилагодувањата за статусот во „Skype“. Погодените корисници нема да можат да го променат својот статус, сите нивни контакти ќе бидат прикажани како да се вклучени и тие нема да можат да започнат разговори со нив“, соопштија вчера од „Microsoft“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП