3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle и Twitter почнуваат со заеднички информативен сервис

Google и Twitter почнуваат со заеднички информативен сервис

twi

Американскиот технолошки гигант Google и социјалната мрежа Twitter започнуваат заедничка информативна апликација за мобилните уреди, особено наменета за паметните телефони, пишува порталот Business Insider.

Како што пишува порталот, Google и Twitter работат на создавањето услуга којашто ќе нуди моментално испорачување на вести и статии од периодични списанија до корисниците на мобилните уреди. Оваа услуга ќе биде достапна веќе оваа есен, тврдат од Business Insider.

Особено карактеристично за оваа апликација е што ќе им овозможи на медиумите слободно и веднаш да ги објавуваат своите материјали на интернет ресурсите на Google и Тwitter. Во моментов тоа се прави со временско доцнење. Во повеќето случаи, корисниците мора да дојдат на страницата на медиумот, за да се запознаат со написот кој ги интересира. Новиот сервис на двете компании сега нуди поинаков начин, имено статијата ќе се појави веднаш и целосно.

Компаниите ќе создадат отворени системи, кои претпоставуваат учество во нивното развивање на независни програмери. Веројатно, слични апликации ќе воведат и другите социјални мрежи, сметаат од Business Insider.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП