3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОвој проект на Google ќе ја промени иднината (видео)

Овој проект на Google ќе ја промени иднината (видео)

gugi 333

Неодамна од „Google“ најавија основањето на компанија – мајка која ќе ги обединува бизнисите далеку надвор од главните интернет производи на компанијата.

Таму се вклучени самоуправувачките автомобили „Google X“, очилата „Google Glass“, брзиот Интернет „Fiber“, проектите во здравствената област „Life Sciences“ и „Calico“, како и „Nest“, производител на термостати и противпожарни сензори за чад.

Денес, меѓутоа, ќе се задржиме на еден нов проект на компанијата, за кој пред неколку дена стана јасно дека испратиле покани до ограничен круг на луѓе кои сакаат да го тестираат производот. Производот го носи името „Soli“, а се основа на супер-тенок чип.

Така со помош на радар овој часовник го доловува движењето на прстите и го претвора во акција. Чипот може да фати лизгање на прстите или притискање со што може да биде избрана дополнителна акција.

Ако технологијата се покаже како успешна тоа ќе значи дека тоа ќе биде технологија на иднината – часовници, телевизори, па дури и тостери и микробранови ќе претрпат суштински промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП