3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle започнува со испораки на намирници

Google започнува со испораки на намирници

expres google

„Google“ ќе започне тестирање за испораки на намирници, потврди главниот менаџер на одделот „Google Express“ за агенцијата „Bloomberg“. Услугата ќе се нуди пробно во Сан Франциско и уште еден американски град.

Интернет гигантот веќе има подготвени партнерства со продавници и магацини, кои ќе ги обезбедуваат стоките. Желбата на „Google“ е постепено да нуди стоки од целиот асортиман на продавниците. Компанијата верува дека преку доставување на свежи производи во рамките на денот ќе може да привлече уште поголем сообраќај кон своите интернет страни.

Покрај тоа, овој сегмент на пазарот е бизнис со вредност од 10,9 милијарди долари само во САД и не е за занемарување. Ако тестовите се успешни, услугата постепено ќе почне да се нуди и во други градови.

Во меѓувреме „Google“ го зголемува бројот на регионите, кои ќе ја поддржуваат услугата испорака на следниот ден. Таа ќе опфаќа уште над 25 милиони потенцијални клиенти. На овој начин конкуренцијата помеѓу „Amazon“ и „Google“ во онлајн трговијата станува доста директна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП