1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватскиот црвен крст испрати во Македонија екипа со 1.400 комплети прва помош

Хрватскиот црвен крст испрати во Македонија екипа со 1.400 комплети прва помош

hrvatski-crven-krst

Тричлен интервентен тим на Хрватскиот црвен крст (HCK), отпатува денес за Македонија, каде на бегалците ќе им даде 1.400 комплети прва помош.

Во соопштението на HCK се наведува дека нивната екипа од три члена е посебно едуцирана, а комплетите кои ги зема со себе се набавени со средства во рамки на апелот „Да им помогнеме на бегалците на подрачјето на југоисточна Европа“.

Според информации од теренот бегалците неретко доаѓаат со површински рани здобиени за време на долгото патување. Со оглед дека најчесто ги немаат потребните артикли да ги санираат ваквите рани, сетовите за права помош би требало да им бидат добре дојдени, се вели во соопштението.

Од ХЦК истакнуваат дека нивниот интервентен тим ќе им помогне на колегите од Македонскиот црвен крст околу бегалците, а истовремено ќе собира искуство кое може да им биде многу корисно доколку дојде до бегалски бран во Хрватска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП