26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова лоша вест за Швајцарците

Нова лоша вест за Швајцарците

shvajcarija53v454gr

Потрошувачките цени на швајцарскиот пазар во август оваа година биле пониски за 0,2 проценти во однос на јули, додека на годишно ниво се намалиле за 1,4 проценти.

Индексот на потрошувачките цени во август изнесувал 97,6 поени (според базните 100 од декември 2010 година), а дефлаторниот тренд во август во однос на јули најмногу се должи на падот на цените на енергијата, како и на болничките услуги, соопшти швајцарскиот Федерален завод за статистика.

Во јули стапката на дефлација во Швајцарија изнесувала 1,3 проценти на месечно ниво.

Падот на цените во август (во однос на јули) е забележан во сегментот на производи за одржување на станови, алкохолни пијалоци и цигари, домување и енергија, како и транспорт, додека цените на безалкохолните пијалоци биле во пораст.

Цените на домашните артикли останале непроменети во август во однос на јули како и на годишно ниво, додека цените на увозните производи биле во пад за 0,6 проценти во однос на јули и 5,5 проценти во споредба со август минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП