26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Ало докторе“ се засилува со уште тројца специјалисти

„Ало докторе“ се засилува со уште тројца специјалисти

alo dr 922

Телефонската линија која пружа медицински совет  „Ало докторе“ од 1-ви септември ќе биде засилена со тројца нови специјалисти, со што вкупно 25 доктори ќе бидат достапни за повиците на граѓаните од цела Македонија.

Во изминатите седум дена од  24.08.2015 година до  30.08.2015 година за медицински совет биле регистрирани 1.205 повици, со што бројот на повици се искачи на 49.619 откако беше воведена линијата во септември минатата година.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Повиците се со широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, покачена телесна температура, стомачен вирус, алергиски реакции и симптомна болка.

На линијата „Ало докторе“ често се јавуваат граѓани за совети поврзани со терапијата која редовно ја примаат за хроничните болести и за симптоми поврзани со крвен притисок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП