26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова детска градинка во Горно Лисиче

Нова детска градинка во Горно Лисиче

нова-градинка

Нова детска градинка за околу 100 деца ќе биде изградена во Горно Лисиче, на местото на некогашната стара спортска сала во дворот на основното училиште „Гоце Делчев“, најави градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски.

Според проектот, објектот ќе ги исполнува сите неопходни стандарди за ваков тип на институции и ќе овозможи современи услови за згрижување и престој на деца од претшколска возраст.

Објектот ќе содржи две големи занимални, простор за прием, кујна, санитарни јазли и административен простор и тоа на површина од 320 квадратни метри.

Детската градинка ќе биде опремена со креветчиња, масички, столчиња, плакари, нагледни средства и играчки. Објектот ќе биде енергетски ефикасен, а материјалите за изградба ќе бидат еколошки прифатливи.

Изградбата на нова детска градинка, како што рече градоначалникот Коневски, е реална потреба со оглед на зголемениот број дечиња во нашата општина. Грижата за децата е континуирана.

„Претходно ја изградивме градинката „Сонце“ во Реонски центар „Аеродром“, a ги проширивме и капацитетите на постојните детски градинки и целосно ги реконструиравме, со цел да се овозможат што подобри услови за престој и воспитување на децата од претшколска возраст, за тие да израснат во достоинствени граѓани на Република Македонија“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП