26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda го обнови хибридниот CR-Z (фото)

Honda го обнови хибридниот CR-Z (фото)

crz

Јапонскиот автомобилски гигант, „Honda“, го претстави обновениот хибрид „CR-Z“, кој прво во септември ќе дебитира на домашниот пазар. Променети главно се во изгледот и внатрешноста на моделот.

Автомобилот добил „LED“ главни светла, поагресивни браници, различна решетка на ладилникот, нови престилки, како и нови тркала, 16 и 17-инчни направени од лесна легура.

crz1

Во кабината традиционалните инструменти се заменети со дигитални. Редизајниран е мултимедијалниот комплекс, а е додадена можност за стартување на моторот со копче, како и систем за засилен звукот на моторот. Освен тоа, хечбекот добил и систем за активно попречувањето на бучава во кабината.

Погонскиот агрегат на „CR-Z“ не е менуван. Како и пред тоа, хибридот на „Honda“ е опремен со комбинација од 1,5-литарски бензински мотор, електромотор и комплет литиум-јонски батерии со капацитет од 15 kW / h. Благодарение на тоа, хечбекот забрзува од 0 до 100 км / ч за 8,8 секунди.

crz2

Моделот исто така добил пошироки задни гуми, модернизирани систем за сопирање, како и наштимана суспензија со нови пружини и амортизери.

crz3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП