26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити го купува Де Бруин за 80 милиони евра!?

Сити го купува Де Бруин за 80 милиони евра!?

Kevin-de-Bruyne333

Манчестер Сити го договорил трансферот на Кевин де Бруин од Волфсбург за сума од 80 милиони евра, тврдат англиските и германските медиуми. Двата тима неколку недели интензивно преговараа околу трансферот на Белгиецот, кој според медиумите на Островот денеска треба да ги изврши медицинските прегледи во новиот клуб.

Де Бруин зад себе има брилијантна сезона, со 10 голови и 20 асистенции му помогна на Волфсбург да ја освои вицешампионската титула и Купот на Германија.

Манчестер Сити на Волфсбург ќе му плати 74 милиони евра, а останатите шест милиони германскиот клуб ќе ги добие низ разни бонуси.

Трансферот на Де Бруин е втор најголем во историјата на англискиот фудбал, по оној на Анхел Ди Марија за кого минатото лето Манчестер Јунајтед на Реал му плати 82 милиони евра.

Шпекулациите на медиумите велат дека Де Бруин во Сити ќе има неделна плата од 250.000 фунти. Сепак, трансферот за кој пишуваат медиумите во двете земји сеуште не е потврден од менаџерот на фудбалерот, Патрик де Костер.

Трансферот на Де Бруин го засени доаѓањето на Рахим Стерлинг за чии услуги Сити на Ливерпул му плати 67 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП