26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајкомфорниот кабриолет во светот

Најкомфорниот кабриолет во светот

m kofort

Новата генерација на моделот „S-Class“ беше прогласен за најдобар автомобил во светот. Сега од „Mercedes“ ја подготвуваат кабриолет верзијата на сличен начин и ја нарекуваат како најкомфорниот предлог на пазарот.

Отворената верзија на „S-Class“ ќе има премиера во Франкфурт во средината на следниот месец. Тоа ќе биде првиот отворен автомобил на марката со четири седишта од 1971-ва година. Тогаш се појави „Mercedes-Benz 280SE“ кој објавената фотографија позира заедно со својот најголем нов наследник.

m kofort1

Се уште не е официјално потврдено, но се очекува моделот да демонстрира мек платнен покрив, изработен од неколку слоеви различни материјали. Тие се избрани така што ќе ја редуцираат максимално бучавата во кабината.

Што се однесува до внатрешноста, таа е изработен во стилот на седанот и караванот, на кои „S-Class Cabrio“ е базиран. Користена е најдобрата природна кожа, како и елементи од вистинско дрво и метал, покажуваат информациите.

m kofort2

Моделот ќе располага исто така со интелигентна климатизација, греење на седиштата, волан, како и со подобрена заштита од ветер „AIRCAP“. Достапна ќе биде и таканаречената „Ер шамија“ – системот „Airscarf“ кој го насочува тополиот воздух околу вратовите на патниците.

Моментов недостигаат податоци за моторите на моделот. Најверојатно сепак тие ќе бидат превземени од седанот „S-Class“. Тоа се 4,7-литарски твин-турбо V8 со 455 КС, како и 5,5-литарски V12 со 585 или 630 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП