26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВолкот и Казорла ги продолжија договорите со Арсенал

Волкот и Казорла ги продолжија договорите со Арсенал

volkot kazorla

Тео Волкот и Санти Казорла ги продолжија договорите со премиерлигашот Арсенал. Волкот со Арсенал потпиша нов четиригодишен договор, додека Казорла актуелниот договор го продолжи на уште две години.

„Двајцата се врвни фудбалери кои се исклучително важни за овој тим. Задоволни сме што и двајцата потпишаа нови договори бидејќи на овој начин го обезбедивме неопходниот квалитет во тимот“, рекол менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.

Волкот во Арсенал пристигна како тинејџер, во 2006-та година од Саутемптон и има најдолг стаж од сите фудбалери од овој состав на ‘тобџиите’. За Арсенал англискиот репрезентативец има одиграно преку 300 натпревари и постигнал 76 голови.

Казорла во редовите на тимот од северен Лондон пристигна од Малага во 2012-та година, има одиграно 148 натпревари и постигнато 27 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП