26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОбама нареди: САД мора да го има најбрзиот суперкомпјутер!

Обама нареди: САД мора да го има најбрзиот суперкомпјутер!

barakce 33

Американскиот претседател Барак Обама потпиша извршна наредба до 2025-та за САД да се направи најбрзиот компјуер во светот, пренесува „BBC“.

Се очекува американскиот суперкомпјутер да биде 20 пати побрз од сегашната водечка машина која се наоѓа во Кина и има просечна брзина од 33.86 петафлопс (1000 трилиони калкулации) во секунда.

Обама бара нов суперкомпјутер, значително побрз од денешните модели, за извршување на значајни симулации и научни истражувања.

На блогот кој е поставен на официјалната страна на „Белата куќа“ е наведено дека комјутерот ќе им помогне на научниците на американската агенција за истражување на вселената (NASA), како и да овозможи дизајнирање на летала без поголеми тестирања.

Професорот од Универзитетот во Едимбург, Ричард Кенвеј изјави дека таков компјутер би можел да помогне во развојот на персонализирани лекови, додавајќи дека тоа би било „вистински предизвик“ за прецизната медицина.

„Денеска лековите се направени за просечен човек и тие делуваат на некои луѓе, но на други не“, вели Кенвеј.

Најбрзиот светски суперкомпјутер е „Tianhe-2“ кој работи во Националниот суперкомпјутерски центар во градот Гуангжу на југот на Кина. Компјутерот е развиен од страна на Националниот суперкомпјутерски центар за одбрамбена технологија. „Tianhe-2“ е успешно тестиран за прогнозирање на времето, комерцијално проектирање на авиони и секвенционирање на гени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП