27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаботнички славеше над Трабзон

Работнички славеше над Трабзон

раб-траб

Фудбалерите на Работнички со минимална предност ќе патувaат во Турција на реванш натпреварот од третото квалификациско коло во Лига Европа. Во првиот меч на „Филип Втори“, Работнички славеше над Трабзон со 1:0.

Работнички против реномираниот противник одигра одличен натпревар, особено добро на теренот ‘роматичарите’ делуваа во првото полувреме, кога добрата игра и ја крунисаа со гол во 23-та минута преку капитенот Баже Илијоски.

Во првото полувреме Работнички имаше уште неколку добри можности, Илиевски два пати се обиде од слободен удар, додека во вториот дел шансата на мечот ја имаше Анене, но неговиот удар заврши крај голот.

Трабзон за 90 минути созададе само една вистинска шанса, но слично како и Анене и Кардозо од изгледна позиција биеше непрецизно со глава.

Реваншот во Турција ќе се одигра на 6.август.

Текот на натпреварот:

Тренерот на Работнички Игор Ангеловски пред мечот најави дека неговиот тим ќе излезе да се надигрува со противникот и тоа неговите играчи започнаа да го спроведуваат од првата минута.

По пет минути игра првата ветувачка кација на Работнички ја спречи Медјани, поради стартот од зад грб врз Илијоски турскиот играч доби жолт картон. Слободниот удар за Работнички го изведе Илиевски но неговиот удар со крајни напори голманот на Трабзон го исфрли во корнер.

Трабзон првиот обид го имаше во осмата минута, Ердоган нафрли од слободен удар, Божиновски ја боксуваше топката, а дефанзивците на Работнички спречија посеризна опасност.

Веќе во следната минута полскиот судија му покажа жолт картон на Илијоски. Капитенот на Работнички направи непоребен фаул на средината од теренот врз Дурсун.

Трабзон организираше опасна акција во 12-та минута, која во последен момент ја спречи одличниот Цикарски кој успеа да го сопре Сахити.

Во 23-та минута Работнички добрата игра ја материјализираше со гол. Илиевски уптаи длабинска топка кон Илијоски, капитенот на ‘романтичарите’ ја избегна офсајд стапицата излезе сам пред Цакир и рутински го погоди спротивниот агол.

Дефанзивецот на Работнички Илиевски уште еднаш го испроба својот удар, биеше од 30-тина метри но Цакин одбрани.

Последните пет минути од првиот дел му припаднаа на Трабзон, најпрвин Ердоган проби по десната страна центрираше кон Кардозо но пред Парагваецот интервенираше Силјановски.Во претпоследната минута Констант повлече акција низ средината, на десната страна го пронајде Ердоган но на наговиот центаршут задоцни Кардозо.

Второто полувреме започна со жолт картон за Вујчиќ. фудбалерот на Работнички си поигруваше со топката на 25 метри од својот гол ја загуби од Јилмаз, а поради прекршокот влезе во бележникот на полскиот судија.

Нов жолт картон главниот судија покаќа во 54-та минута, пожолте Улудаг поради опасен старт Силјаноски.

Работнички во периодот 56-та до 58-та минута пропушти две убави можност за да го зголеми резултатот. Најпрвин Алтипармаковски лошо го проигра Сахити, а потоа Илијоски излезе сам пред Цакин, но во последен момент Демир му ја одзеде топката.

Една минута по шансата на Илијоски Трабзон преку Кардозо пропушти 100 настотна шанса. Ердоган нафрли од десната страна Кардозо биеше со Глава од 11 метри но неговиот удар заврши крај десниот дирек.

Нов опасен напад на Трабзон и одново преку Ердоган, најдбриот играч на турскиот тим на овој меч, на неговиот центаршут доцнеше Медјани.

Во 73-та минута Работнички преку Анене ја пропушти шансата на натпреварот. Од слободен удар центрираше Илиевски, Анене остана сам пред голамнот Цакин, но Норвежанецот од седум метри со глава биеше крај голот.

До крајот на мечот трабзон ја контролираше играта, Работнички се определи да го брани водството и успеа во своите намери.

Работнички: Божиновски – Цикарски, Илиевски, Ристевски, Сиљановски – Петровиќ, Вујчиќ, Анене, Сахити (од 85 минута Митров) – Алтипармакоски (од 82 минута Маркоски), Илијоски (од 64 минута Трајчевски).

Трабзон: Цакир – Улудаг, Демир (од 76 минута Јокушлу), Јумлу, Дурсун – Медјани, Констант – Јилмаз од 62 минута Хурмачи), Варис од 80 минута Зенгин), Ердоган – Кардозо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП